На Украина сепак нема да и биде одземена победата на Евровизија

Од:

Откако на Јутјуб се прошири видео од концерт на украинската победничка на овогодишниот Евросонг, Џамала на која таа една година пред натпреварот ја изведува победничката евровизиска песна, се огласи и Европската радиодифизна унија (ЕБУ), која објави свое видување на контровезното случување на Изборот за песна на Евровизија.

– Правилото на Евровизија кое гласи дека пријавените песни не смеат да бидат комерцијално објавени пред 1 септември преходната гоидна, е со цел на Изборот да учествуваат нови песни секоја година и сите да имаат еднакви услови, наведува ЕБУ во  соопштението

И во минатото некои песни беа јавно достапни пред посочениот датум, но не беа достапни на пошироката публика со што им беше дозволено учество на Евровизија.

Случајот со Џамала и песната „1944“ го привлече вниманието на ЕБУ поради снимка од настап на 18 мај 2015 година. Снимката на малиот концерт била прегледана само неколку стотина пати до моментот кога е откриена пред неколку дена.

ЕБУ затоа водејќи се од предходните искуства, одлучи дека објавеното видео не и дало предност на Џамала и дека песната според правилата може да се натпреварува.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија