Навратилова: Ѓоковиќ е фаворит, но не сака да игра против Надал

Од:

Легендарната чешка тенисерка Мартина Навратилова смета дека светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ е главен фаворит на претстојниот Гренд слем, Роланд Гарос, но и дека Србинот не би сакал да се сретне со Надал на патот кон трофејот.

– Рафаел Надал е голем предизвик и Ѓоковиќ секако се надева дека нема да се сретне со Шпанецот барем до финалето. Но, иако Ѓоковиќ го нема освоено Ролад Гарос, сепак не би се обложувале против него.

Напротив, тој е главен фаворит, изјави 59-годишната Навратилова која своевремено со освои 19 титули на Гранд слем турнирите.

Чешката ветеранка разбирливо најголеми шанси за победа на Отвореното првенство на Франција и дава на топ фаворитката Серена Вилијамс.

– На оние кои се сомневаат во неа би им порачала да не ја отпишуваат шампионата пред време. Серена не играше многу сезонава, но, на враќањето во Рим покажа дека е во одлична форма и дека е главен фарорит на Роланд Гарос, дополни Навратилова.

Главниот дел од турнирот на „Френч опен“ започнува во недела.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ