Владејачкото мнозинство ги забрани „бомбите“

Од:

Една од законските измени кои попладнево ги донесе Собранието, односно само пратениците од владејачкото мнозинство, се измените во Закон за заштита на приватноста, со кои се забранува поседување, обработка, јавно објавување и располагање на кој било начин со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации извршени во периодот од 2008 до 2015 година, вклучувајќи и нивно користење и располагање во изборен процес, политички и други цели и постапки.

Законот предвидува и затворски казни од еден месец до една година за „тој што ќе објави прислушувани или тонски снимани разговори или делови од нив или нивни транскрипти, со кои се врши повреда на приватноста на личниот и семејниот живот“, како и за „тој што ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушувана или тонски снимана“, за која е предвидена затворска казна до една година, доколку содржината на разговорот ја нарушува приватноста на личниот и семејниот живот (оваа одредба не се однесува на разговор или изјава која претставува јавен интерес).

Законот ебше донесен од 63 пратеници, а ќе почне да се применува од 1 јули 2017 година.

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти