Австралиското министерство за имиграција и гранична заштита издаде нова листа на професии кои се потребни за периодот 2016 – 2017 година, а за кои секој може да се пријави.
Листата ќе стапи на сила од 1 јули оваа година, и ќе се однесува на тие што ќе аплицираат за виза.
Во групата работни визи спаѓаат: постојана виза за стручни работници, привремени визи во траење од 4 години но со можност да се аплицира за постојана виза, привремена виза за студенти-престој и работа во Австралија по завршување на студиите.
Меѓу професиите што се бараат се менеџери на проекти, индустриски инженери, инженери по агрокултура, биомедицински инженери, наутички архитекти, шумари, ветеринари, наставници, киропрактичари, педијатри, неуролози, физијатри, хирурзи, медицински сестри, ѕидари, столари, електричари, социјални работници, психотерапевти…