Неверојатниот Златан Ибрахимовиќ ги одбележа денешните пријателски натпревари ширум светот.
Популарниот Ибракадабра постигнувајќи неверојатни четири гола сам ги уништи Англичаните во победата на Шведска од 4:2.
Во одличен натпревар, напаѓачот на ПСЖ најпрво донесе водство за својата репрезентација во 20. минута, а потоа откако гордиот Албион стигна до пресврт со головите на Велбек и Колкир во 35. и во 38. минута, повторно на сцена стапува Ибрахимовиќ и во последните 15 минути со нови три гола донесе убедлив триумф на „жолтите“. Еден од нив беше неверојатен, со ножички од триесетина метри, токму во стилот на Ибракадабра.