Ахмети се сретна со кинескиот амбасадор Вен Жен Шун

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети во партиското седиште во Тетово денеска се сретна со амбасадорот на НР Кина во Македонија, Вен Жен Шун.

Ахмети и Вен Жен Шун, како што соопштија од ДУИ, разговараа за билатералната соработка и кинеските инвестиции за развој, особено во северозападниот дел на Македонија, како и за политичката криза во земјава.

Ахмети го запозна кинескиот амбасадор за чекорите кои ДУИ ги презема за решавање на кризата и уште еднаш ја поздрави одлуката на Уставниот суд да ја прифати иницијативата на ДУИ, со која се овозможува итно враќање на работата на Собранието.

Ахмети и Вен Жен Шун разговараа и за развојните проекти фокусирајќи се на изградбата на автопатот Кичево-Охрид-Струга, како и за интересот за градба и на патот Гостивар – Кичево со што ќе се комплетира автопатот „Мајка Тереза”, како дел од Коридорот 8.

Ахмети им се заблагодари на кинеските компании за дадената помош за време на поплавите во Тетово и ја поздрави подготвеноста на Кина за изградба на основно училиште во оваа општина, се вели во соопштението од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Од спотот ги избришаа Охридскиот договор, НАТО и Албанците

ДУИ: Со ниту една седница на Владата не претседавал еден од албанските вицепремиери

Катерина Ѓуровски

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

ВЛЕН: Дали Артан Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ?

Отстранувањето на албанскиот јазик од таблите на Табановце е провокација, бараме веднаш да биде вратен, реагира ДУИ

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања