А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ФРОДЕМ: Врана на врана очи не вади

by А1он19/05/2016 - 08:3619/05/2016 - 09:25194
Share0

„Со вчерашните експресни измени на Изборниот законик и Законот за Влада со кој се  разрешија министрите и дополнителните министри од опозицијата, за ФРОДЕМ де факто е кршење на Договорот од Пржино. Договорот од Пржино е мртов. Лицемерно и крајно дегутантно и вулгарно е образложението дека избори нема да се одржат и не се потребни министри и дополнителни министри од опозицијата. Ако е така, тогаш зошто е технички премиер за спроведување на избори?  Целта е повеќе од јасна и морбидна. Се до одржувањето на изборите партиската криминализирана вршушка на ДПМНЕ, преку МВР и понатаму да ги заплашува граѓаните, да апси неистомисленици, да монтира нови политички случаи, да го контролира судството како и да ја оневозможи работата на СЈО. Од друга страна преку киндер Министерот за труд и социјала и понатаму со државни средства да се врши манипулација со ранливите категории на граѓаните.

Добивај вести на вибер

Вчерашнaта трагикомедија во Собранието на Р. Македонија уште еднаш јасно го покажува вазалскиот и сервилен одос на ДУИ кон својот поголем  коалиционен брат по политичко криминални бизнис интереси. Овој чин е класична потврда на народната поговорка дека ,, Врана на врана очи не вади”.  За реализација на т.н  сценарио ,,за последен пат  себе-спасувачка акција” најголема одговорност сносат првиот извршител на владата, сервилниот спикер Трајко Велјановски и менично врзаните пратеници кои ставајќи се во улога на глувонема гласачка машинерија во целост го девалвира начелото на поделба на власта. По којзнае кој пат го прекршија Уставот и законите на РМ и направија сериозни и несогледливи штети на државата и нејзините граѓани. Со својот начин на однесување и делување сите тие стануваат соучесници во злосторничко здружување за што ќе се соочат со сериозна кривична и материјална одговорност.

Го повикуваме Ѓорѓе Иванов да собере храборст и конечно барем малку да го покаже својот вербално деклариран патриотизам и во текот на денот да ја повлече неговата незаконска  аболиција како и  да не ги потпишува вчера укинатите одредби на Законот за Влада на Република Македонија“, соопштуваат од ФРОДЕМ, Фронт за демократска Македонија.

frodem

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска17/10/2020 - 16:0817/10/2020 - 21:27

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска23/07/2020 - 11:09

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска29/06/2020 - 12:3729/06/2020 - 12:37

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска22/01/2020 - 10:4022/01/2020 - 10:43

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ05/01/2020 - 10:2506/01/2020 - 08:21

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска26/12/2019 - 10:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен