Еврокомисија: Реформите клучни за Грција

Од:

 Долгот на Грција останува значителна пречка за развојот на земјата, смета Европската комисија во својот извештај за состојбата на грчката економија, дополнувајќи дека неопходен услов за олеснување на грчкиот долг е правилна примена на програмата за реформи, пишува економското издание на „Нафтемборики”.

Според Еврокомисијата отпорноста на грчкиот долг може да се постигне со примена на сигурна програма за структурни промени, а исто така и со дополнителни мерки за негово ублажување.
Како клучен елемент за постигнување на одржливост на долгот, Комисијата ја посочува потребата од реализација на структурни реформи, од реструктуирање на државната администрација и од создавање на позитивна инвестициска клима, пренесува БТА.

Еврокомисијата доаѓа до заклучок дека бруто домашниот производ на Грција и нејзиниот долг биле прилично оптоварени од примената на спасувачките програми за земјата во периодот 2010-2014 година.

Во врска со тоа се проценува дека грчката економија се намалила за 25 отсто од 2008 година до 2015 година, што ја засилило динамиката на долгот и придонесе за повторно разгорување на кризата.

Јавниот долг на Грција се зголеми од 109,3 отсто од БДП во 2008 година до 180,2 отсто од БДП во 2015 година, и покрај значителното реструктуирање, додека како процент од БДП долгот значително ги надмина целите на програмата, се вели во извештајот на Еврокомисијата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит