ВМРО-ДПМНЕ: Каде завршуваа парите во време на СДСМ?

Од:

ВМРО-ДПМНЕ трет бара одговор на прашањето каде одеа парите во време, на СДСМ, кога, како што велат не се градеше ништо?

„Тогаш немаше пари ниту за изградба и реконструкција на болници, ниту за медицинска опрема, ниту за образование, ниту за земјоделие и се така 15 години!Додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт се гради, се гледаат проектите, спомениците, но и булеварите, училиштата, инвестициите. Во време на СДСМ немаше ништо. Не се градеше. Не знаевме каде завршуваа парите, рече Сашо Стефановски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние само во хируршката клиника СВ Наум Охридски инвестиравме медицинска опрема во износ од 4 130 413 евра. Само овде се инвестираше во нов апарат за компјутеризирана томографија 64 слајсен, се инвестираше во нова магнетана резонанца, се инвестираше во набавка на нови машини за дишење, нови монитори, нови инструменти, ендоскопски кабинети, хируршки маси.Од оваа опрема корист имаат илјадници граѓани на кои им е потребна. Ваква инвестиција се прави за прв пат по дваесет години“, рече Стефановски.

 

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот ќе биде насочен кон развојни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски