Шведскиот национален младински совет излезе со изјава дека во оваа земја има дури двапати повеќе млади мажи кои продаваат сексуални услуги отколку жени.
Според истражувањето, 2,1 отсто мажи на возраст од 16 до 25 години изјавиле дека продавале сексуални услуги во текот на 2012 година, во споредба со 0,8 отсто жени.
Претставникот на шведската Асоцијација за сексуална едукација изјави дека постои можност младите хомосексуалци полесно да ја прифаќаат својата сексуалност доколку тоа го прават во замена за некоја финансиска корист.
Резултатите од ова истражување покажале дека 21,9 отсто лица на возраст од 16 до 25 години сметаат дека е прифатливо да даваат сексуални услуги со некој вид компензација и дека младите мажи се потолерантни по тоа прашање од жените.
Дури и половина од клиентите, кои плаќале машки и женски проститутки помлади од 26 години, исто така имале помалку од 26 години.