Канадските власти соопштија дека се случил пресвртен момент во борбата против големиот шумски пожар кој уништи голем дел од провинцијата Алберта во западниот дел на земјата, објави Гласот на Америка.
Пониските температури и слабиот дожд во регионот помогнал во борбата со огнот, изјави Чад Морисон, претставник на пожарникарите од Алберта.
Пламените јазици досега не зафатија некои од поголемите капацитети за преработка на нафта, но тие и понатаму остануваат затворени, а светската цена на нафтата порасна заради загриженоста за пожарите.
Во моментов не е познато кога ќе бидат отворени преработувачки капацитети, но многу од работниците и нивните семејства се евакуирани.
Алберта ги има третите по големина резерви на нафта по големина, веднаш по оние во Саудиска Арабија и Венецуела.
Премиер на Алберта Рејчел Нотли истакна дека пожарите се многу помали од она што се сметаше, но, сепак, уништиле 160.000 хектари.