Третата по ред најголема премија откако е воведена лотаријата Евро Милион во износ од 169.837.010 евра оди во џебот на само еден играч, кој ливчето го уплатил во Франција поточно во департманот Алпе-Маритим, јави дописникот на МИА од Париз.
Со речиси 170 милиони евра, тоа е најголема добивка во историјата на француската лотарија, со што добитникот влегува на листата од 250 најбогати Французи.
Играчот засега останува анонимен и со својата добивка, ако сака да ја потроши веднаш може да купи четири тона злато, стотини вили во Сант Тропе или два Ербаси А 320.
Добитникот во Франција нема да плати данок врз приход со оглед дека станува за лотарија, но тој ќе треба да и остави на даночната служба неколку милиони евра за такси и данок за богатство.