20:45: Демонстрантите напишаа СЛОБОДА на столбовите на оградата на Владата
20:10: Демонстрантите се пред Владата на РМ, каде што е подготвена бина. Се пуштаат и „бомби“.
19:58: „Затвор не ти бега Николаа“ пееја демонстрантите пред хотелот Мериот на плоштадот во Скопје
19:53: Демонстрантите се упатија кон Владата на РМ
19:50: Обоена и другата страна на Триумфалната капија
19:40 Пешачкиот премин кај Собранието обоен во боите на ЛГБТ
19:32: Со катапулт обоена другата страна од влезот на Собранието
19:30: Демонстрантите пристигнаа пред Собранието на Република Македонија
Прометеј е повторно обоен
19:10: Демонстрантите се движат од пред СЈО кон Собранието на РМ. Меѓу нив се забележуваат и знамиња од ЛГБТ заедницата како и транспранети на кои пишува „Нема држава здрава без ЛГБТ права“, „Изрод по изрод – револуција“ и „Збогум Никола“.
18:20: Демонстрантите се собираат пред Специјалното јавно обвинителство