Во Битола отворена државна изложба на детски ликовни творби

Од:

НУ Центар за култура-Битола денеска ја претстави 41. Државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“.

Панде Петровски, претседател на стручната жири комисија, која воедно одлучуваше и за наградите на најдобрите учесници, информира дека на годинешниот конкурс учествуваа 2.000 творби од ученици во целата држава, а на изложбата се презентирани 506 творби.

– Тематската обработка и мотивите се отсликани на високо нивои притоа се користени сите техники и материјали за ликовно искажување. За публиката ги издвоивме најдобрите детски ликовни творби кои воедно ги наградивме. Со оваа изложба како една од ретките што го негува фолклорот продолжуваме да им овозможуваме на децата да создаваат бисерни дела кои се бисерни капки во реката на континуитетот на традицијата, посочи Петровски.

Со одлука на жирито специјална награда годинава им е доделена на општинските основни училишта „ГоцеДелчев“ од Неготино и „Наим Фрашери“ од Тетово.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска