АНАЛИЗА: Бројност на населението – предизборни шпекулативни математики!

Од:

Ако Македонија има 2,5 милиони државјани, тогаш се поништуваат сите останати економски параметри со кои сега се фали Владата, а се однесуваат на стапката на невработеност, сиромаштијата – оценуваат аналитичарите за неделната економска анализа на Порталб.мк. По објавата на заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков дека земјава брои 2 464.266 државјани, дел од експертите оценија дека овие предизборни пребројувања, во отсуство на официјален попис, се само шпекулативна математика. 

Во прашање се доведени економските показатели? 

Во отсуство на попис, кој не е спроведен од 2002 година и поради тоа Макеоднија, заедно со Сомалија се единствени земји кои не ја спровеле оваа операција повеќе од една деценија, секое лицитирање за бројноста на државјаните е шпекулативно и влијае врз сите останати параметри, велат аналитичарите. Делемите се отворија откако заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков дека земјава брои 2 464.266 државјани. 

“Прашањето кое треба да се постави е колку овие бројки треба да се земат сериозно предвид затоа што доаѓаат од МВР, а не од Министерството за правда кое по закон ја води матичната книга и кое е задолжено за издавање на државјанства. Министерството за внатрешн работи своите информации ги базира врз основа на базата за издадени лични карти и патни исправи, иако двете министерства соработуваат помеѓу себе и МВР има увид и во матичните книги. Манипулациите со вистинската бројка на македонски државјани, заедно со впишаните во избирачкиот список е многу лесна поради многу дупки во целиот државен систем“, вели заПорталб.мк политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ. 

Според неа, прво треба да се постави прашањето за дипломатско конзуларните претставништва на Македонија во странство, колку тие имаат валидни и точни информации за македонски државјани во земјите во кои се тие поставени.Потоа, Стојдинивиќ смета дека Државниот завод за статистика нема јасни бројки колку луѓе се исселени од последниот попис во 2002 година, што е голем фактор во одредувањето на точната бројка и на државјани и на гласачи. 

“Без пописот не можеме да одредиме ниедна точна бројка во било која сфера од општеството, а уште помалку да организираме демократски избори“, вели Стојадиновиќ. 

Лицитацијата со бројот на државјани предизвика и реакции кај економистите. Дел од нив сметаат дека со објавување на информацијата за скоро 2,5 милиони жители се доведуваат во прашање економските параметри. 

“Молам некој да ми објасни дали пресметките на БДП на еден жител се прават на 2 милиони или на 2,5 милиони жители. Разликата е многу голема. Многу поуспешна економија би биле кога би го употребиле вистинскиот број жители – 1,7 милиони“ – напиша на социјалните мрежи универзитетскиот прфесор Мирољуб Шукаров. 

Сличен став и политикологот Стојадиновиќ. 

“Бројката дека во Македонија има околу 2,5 милиони државјани, од кои половина милион се малолетни, значително влијае на сите бројки во сите сфери од општеството со кои се манипулираше, а и лицитираше до сега. Ако тргнеме од процентот на невработеност за кој владата тврди дека е намален и дека е 27%, со последниве бројки, тој ќе се зголеми минимум на 37%. И пак тоа нема да биде реалната бројка на невработени затоа што сивата економија цвета. Манипулацијата со овие бројки влијае и на процентот на сиромаштија во државата. Беше малку над 20%, сега ќе биде сигурно 30%, а можеби и повеќе“, оценува за Порталб.мк Стојадиновиќ. 

Според податоците од Министерството за внатрешни работи, Македонија има 1.958.844 полнолетни државјани и 505.422 малолетни државјани или вкупно 2.464.266 државјани. Ваквиот податок од МВР комисијата го побарала за првпат и тој покажува дека бројот на луѓе со право на глас е зголемен. 

“Информацијата дека Македонија има над 2 милиони и 400 илјади државјани од кои околу два милиона со право на глас што до ДИК ја достави Дополнителниот заменик министер на МВР Чавков е поприлично несериозен чекор за да се смета за веродостоен“ , оценува поранешниот прв човек на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски кој останува на ставот дека е неопходно да спроведе попис на населението, но по сите параметри. Оваа операција  се смета дека не е важна само за  да се преброи населението дома, туку и да се добие комплетна слика, бројка и статус за луѓето што работат и живеат во странство. Според експертите од областа на статистика,  ние како држава сега не располагаме со  квалитетни податоци за тоа колку од населението заминува надвор од земјата  и колку долго таму престојува бидејќи повремените враќања не може да се сметаат како доселување. 

Традиционалниот начин на попишување преку терен е најскап, но тој е најприменлив за наши околности, смета Герасомовски. 

„Електронското попишување не е возможно бидејќи за тоа пред се се потребни законски рамки, точно утврдена методологија и стандарди. Може да се зборува за комбинирање на “регистри“ и “теренско“ попишување но и з аова е потребно да се исполната услови, односно најпрво треба да се спроведе теренски попис преку кој во законска рамка ќе се направат и регистрите кои потоа ќе бидат основ за следен попис. Сметам дека Македонија мора да ја спроевде оваа операција, бидејќи Обединетите нации веќе ги поставуваат новите стандарди за попис 2016-2020 година. Ние, ќе треба та да го направиме врз постоечките стандарди, но без разлика на тоа оваа операција неминовно мора да се спроевде“, изјави за Порталб.мк Герасимовски. 

Бројот на државјани на Македонија, што заамник министерот Чавков ја достави до ДИК не е спорна единствено за членовите на ДИК кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, со тоа што за нив оваа бројка од 2,4 милиони државјани ја дава логиката зошто избирачкиот список брои 1,8 милиони гласачи.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

A1on

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска