Модерното општество има свои правила и прописи. Едно од нив е и популарното верување дека мажите ги сакаат само жените кои имаат долги нозе, убава насмевка и кои се во добра форма. Поради тоа верување голем број жени се мачат со диетите за да се приближат до изгледот на жените од насловните страници на некое списание.
Се разбира догмата дека мажите сакаат само со очи и натаму е во сила, но ова е само мал дел од ледениот брег. Жените имаат листа од услови, кои еден маж треба да ги исполнува, но и мажите замислуваат дека нивната поубава половина треба да биде одлична во повеќе аспекти.
Што и да мислиме, физичкиот изглед не е пресуден фактор во изборот на животен партнер. Прашајте кој било маж зошто ја сака својата жена. Тешко дека некој од нив ќе рече дека тоа е заради големината на нејзините гради. Без оглед на тоа колку звучи тривијално, мажите ги сакаат жени заради нивниот карактер, смислата за хумор, сличните интереси, а најчесто заради карактеристиките, кои една жена ја одвојува од друга и која на мажите им овозможува да се чувствуваат посебни кога се со неа.
Постојат неколку типови жени, кои поголем број мажи не ги поднесуваат најдобро:
Премногу амбициозна шефица
Голем број мажи се плашат од успешни, финансиски независни и амбициозни жени. Поточно тоа не е страв туку „завист“. Мажите се со натпреварувачки дух и не можат да поднесат жената да е поуспешна од нив.
Незаинтересирана летаргична жена
Овој тип на жена мошне тешко нешто може да ја заинтересира, таа вложува малку енергија и многу ретко има свое мислење за што било. Таа на мажот му е досадна и во неа тој тешко може да пронајде нешто што тој сака.
Машки жени
Таа во друштво со мажи се однесува како да е со пријателките, нејзината женственост се губи во гледање натпревар, пиење пиво и кажување мрсни вицови. Некои мажи никако не сакаат да ја видат својата девојка или жена во вакво издание.
Принцеза
Таа има многу високи барања, сака луксуз, цвеќе, богатство и накит. Не може секој да држи чекор со таква жена. Принцезата ги цени облеката, часовниците, авотмобилот на мажот и остава впечаток на површна, неприродна жена.
Опседната
Оваа жена веднаш ги тестира мажите за да ја провери нивната способност за врска и семеен живот. Таа се обидува да намами маж, глумејќи дека е премногу емоционално зависна и постојано, свесно и несвесно со идејата што побрзо да се венчаат и да имаат деца.