Пратеникот на ОН за човекови права, Франсоа Крепо денеска оцени дека ЕУ, во одговорот за бегалската криза, покажала „недостиг на визија“ и правна двосмисленост.
Тој додаде дека договорот меѓу Турција и ЕУ за враќање на мигрантите од Европа барал „многу посилни правни инструменти со цел да се обезбеди правна одговорност“.
Крепо по посетата на притворските единици и бегалските кампови во Атина изразил загриженост дека меѓу притворените има и деца, барајќи итна промена на политиката.
Грција задржувала во притвор мигранти и бегалци, кои пристигнале во земјата по 20 март, додека околу 50.000 лица останале блокирани во земјата откако европските и балканските земји ги затворија своите граници за мигрантите.