Припадници на АРМ учествуваа на турнирот во стрелаштво „Гран При Скопје- 2016“

Од:

Армијата на Република Македонија со свои припадници традиционално учествуваше на десеттиот меѓународен турнир во стрелаштво „Гран При Скопје- 2016“ што се одржа денеска на стрелиштето „Камник“ во Скопје.

Турнирот кој е меѓу поголемите годишни натпревари во стрелаштво во Европа, е во организација на Македонската меѓународна стрелачка федерација (МССФ), а на него АРМ покрај учество во натпреварувањето со свои припадници придонесува и во уредувањето и обезбедување на стрелиштата на кои се вршат натпреварувањата.
Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал потполковник Методија Величковски отворајќи го турнирот, во своето обраќање го потенцира значењето на овој вид спорт особено за воената професија, притоа на натпреварувачите им посака постигнување на врвни резултати.

На натпреварот учествуваа стотина натпреварувачи од Македонија и неколку странски држави во дисциплините: пиштол на 25 метри, пушка на 100 метри, снајперска тактичка полуавтоматска пушка и снајперска ловечка пушка на 100 метри.

Во натпреварувањата припадниците од командите и единиците на АРМ кои екипно беа меѓу најбројните натпреварувачи, постигнаа високи резултати во поединечна и екипна конкуренција во сите застапени дисциплини, соопшти прес-службата на АРМ.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација