А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Каревска: Самовоилието на Топлификација и неажурноста на Уставен на грб на граѓаните

by А1он14/11/2012 - 15:32160
Share0

Либерално – демократската партија најостро реагира на самоволието на Топлификација и неажурноста на Уставниот суд во врска со инцијативата поденесена од нашата партија за оцена на уставноста и законитоста на повеќе одредби од Правилникот  за снабдување со топлинска енергија  донесени од Регулаторната комисија.

Добивај вести на вибер

ЛДП реагира бидејќи во текот на вчерашниот ден Топлификација почнала  да им испорачува сметки и на оние граѓани кои се исклучени од системот на парно греење што предизвика огромно незадоволсто и револт кај нив. Топлификација, велат,  овие сметки ги испорача врз основа на неуставниот Правилник донесен во летниот период од страна на Регулаторната комисија.

Либерално – демократската партија на 08.08. 2012 година  поднесе Иницијатива до Уставниот суд на Македонија  за оцена на уставноста и законитоста на повеќе одредби од Правилникот  за снабдување со топлинска енергија  донесени од Регулаторната комисија. Оваа иницијатива ја  поднеле  пред се поради наметнување на обврски, од страна на Топлификација, на корисниците  кои се исклучени од системот на греење. Топлификација со овие одредби наплатува за услуги кои воопшто не ги извршува, а граѓаните сакале или ќе  мораат да плаќаат за парно греење без оглед дали го користат или не, без  можност да се откажат од услугите за испорака на топлинска енергија.  Овие обврски , укажува ЛДП,  не само што се нелогични, туку се  и спротивни со Уставот  и законите на Република Македонија.  Според одредени  проценките, во Скопје имало околу 60.000 корисници на парното греење од кои,  сега, преку 15.000 се исклучени.

Со цел да се заштитат граѓаните од неразумното, безмилосно ограбување од страна на Топлификација и  навреме да се спречи огромното незадоволство  на 04.09.20012 година повторно го повикавме Уставниот суд на Република Македонија, да даде максимален приоритет при одлучување по означената иницијатива на ЛДП и да донесе решенеие за времена мерка за стопирање на примената на Правилата, се до донесување на конечната  одлука.

ЛДП  го потсети Уставниот суд на Република Македонија, дека пред четири  години,  веќе донесе Одлука со која се укинаа одредбите од Подзаконскиот акт, за обврската  да  им се наплатува 50% од цената на топлинската енергија, на оние корисници кои се исклучени од ситемот. Образложението на судот беше дека е незаконски и неуставно да се наплаќа за услуги кои не се извршуваат. ЛДП  прашува  што во меѓувреме е променето,  за да денес на граѓаните  им се наметнат давачки за нешто што не го користат.

Согласно Уставот на Република Македонија не можат да имаат ретроактивно  дејство, што значи, не може да се пропишува нова обврска за оние корисници кои веќе се исклучени од системот на парното греење.

„Прашуваме, ако Уставниот суд, како што споменав, веќе еднаш има донесено ваква пресуда на што, тогаш, се должи сегашната негова неажурност и нефикасност. Дали, наместо да ги штити Уставноста и интересите на граѓаните, за што впрочем и постои, ги штити монополските интереси на Топлификација, незаконските одлуки на Регулаторната комисија или интересите на Владата. Сведоци сме дека судството кога се во прашање граѓаните е споро и неефикасно, а  кога треба да се исполнат вољата и желбите на министерот за Здравство, само за 48 часа донесе пресуда со која им го забрани демократското право на штрајк на докторите“, рече Роза Топузова Каревска.

ldp

Би можело да ве интересира

Граѓаните победија: Банкарските такси паѓаат под притисок на ЛДП, но тука нема да запреме, продолжува борбата против неправедните провизии

А1он29/07/2025 - 10:55

Зајкова: Ако некој пратеник мисли дека банките му се поважни од народот, нека излезе и нека каже: „Гласав за банките, а не за народот”

Горан Наумовски21/07/2025 - 13:0321/07/2025 - 13:12

Груевски: НБРМ ја слушна ЛДП и ги намали трошоците на банките, на ред се банките да ги намалат трошоците кон граѓаните

Катерина Ѓуровски18/07/2025 - 10:59

Форумот на жени на ЛДП најостро го осудува нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска

Предраг Петровиќ11/07/2025 - 19:08

ЛИБСЕЕН го поздравува усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија и ја осудува дебатата за идентитетот

А1он10/07/2025 - 16:26

(ВИДЕО) Зајкова: Одбрана, дигитализација и брзо проширување за целосна интеграција на Западен Балкан

Горан Наумовски29/06/2025 - 11:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен