На полигонот во училишниот центар АСУЦ „Боро Петрушевски“ денеска ќе се одржи вториот собир на љубители на возила и моторцикли на Град Скопје.
На настанот ќе бидат избрани најдобрите возила во категориите Youngtimers, Oldtimers, Tuned Cars, Sound quality check и Luxury cars. Во контекст на актуелната област за енергетска ефикасност ќе бидат изложени и електрично возило, електричен моторцикл и електричен велосипед.
Ќе биде промовиран Авто Мото Клубот АСУЦ кој дава максимална подршка и придонес на авто мото собирите, како и напредните насоки и технологии кои ги поседува училиштето за упис на основците.
На присутните ќе им се обратат инспектори од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и директорката на АСУЦ Боро Петрушевски Соња Ристовска.