Јотовски загуби во полуфиналето во Добој

Од:

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Добој, БиХ, што игра за награден фонд од 10.000 долари.

Јотовски во полуфиналналето загуби од Кристијан Месарош (Хрватска) со 2-0, по сетови 7:5 и 6:0.

Хрватот на турнирот настапува со специјална покана од организаторот, а пред две години тој беше меѓу најдобрите 200 тенисери на светот.

За Јотовски полуфиналето во Добој е најдобар пласман на турнирите оваа година. Со пласманот меѓу четирите најдобри, тој ќе освои нови бодови на АТП ранг листата кои ќе му бидат запишани по девет дена со што ќе напредува за некое место на ранг листата.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ