Ракометарите на Вардар ќе играат против Металург во финалето на Купот на Македонија.
Актуелниот шампион и бранител на трофејот во националниот куп Вардар очекувано и убедливо го победи тимот на Охрид со 29-21 полувреме 14-12, со што го потврди своето место во финалето.
А, во него, црвено-црните закажаа нова средба со долгогодишниот ривал Металург кој во првиот полуфинален меч беше подобар од јуниорите на Вардар со 30-28.
Финалниот меч на завршниот турнир кој се одржува во Охрид, екипите на Вардар и Металург ќе го играат утре со почеток од 17 часот и 30 минути.
Женските колективи на овие две екипи ќе играат во финалето кај дамите и тоа во недела со салата „Автокоманда’’ со почеток од 17 часот.
Бранители на трофеите од минатата година се екипите на Вардар во двете конкуренции.