Врховниот суд на Бразил дозволи почнување истрага за корупција против опозицискиот лидер Аесио Невис.
Судот го прифати барањето на главниот обвинител Родриго Жано од почетокот на мај за почнување истрага против сенаторот Невис во врска со сомневањата за примање мито и тајната семејна банкарска сметка во Лихтенштајн.
Невис е претседател на Бразилската социјалдемократска партија и еден од иницијаторите на процедурата за импичмент на претседателката Дилма Русеф.
Тој беше кандидат на опозицијата на претседателските избори во 2014 година, кога загуби од Русеф.