А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ФРОДЕМ: Најголем непријател на ВМРО-ДПМНЕ е криминилизираната партиска врхушка

by А1он12/05/2016 - 09:32164
Share0

„После една деценија укажување дека натрапничкото и криминализирано раководство на ВМРО-ДПМНЕ ја води партијата и државата во погрешна насока како и после вчерашната провидна игра со поднесување на листите можеме накусо да се опуштиме и со олеснување да кажеме дека ова е почеток на крајот на мрачниот период под власт на лажните патриоти. Оваа провидна игра на штета на државата и партијата е последен момент и шанса органите и телата на ВМРО-ДПМНЕ и чесното членство  да ги суспендира од партиските функции сите оние кои дале согласност и се нашле на листите.

Добивај вести на вибер

ВМРО ДПМНЕ нема надворешни непријатели, непријателите на партијата, граѓаните и државата се во партиското криминализирано раководство. Вчера, партиската врхушка го покажа своето вистинско нечовечко и егоистичко лице. Повторно  по којзнае кој пат преку грозните и нечовечки манипулации со патриотските чувства на граѓаните и лажни изветвени приказни се обиде да ја спасува сопствената кожа. Заради сопственниот спас Груевски и неколкумината слепи послушници, со нозе во кал до коленици, одбраа тактиката на негирање на реалноста и јавно ,,силување” на граѓаните на Република Македонија. Впрочем силувањето, присилата, заканите и лажните ветувања се единствените средства кои се употребуваат за време на нивното еднодецениско владеење и мамење.

Срамно е сопствените граѓани да се лажат со евтини и провидни игри, во услови кога лидерот, избран на приватна забава (наводен Конгрес), ветил дека избори нема да се одржат. Тогаш чуму е ова лажна глума? Која е целта? Одговорт е јасен. Забеганата политика и нерационални дејствија и постапки на криминализираната врхушка имаат за цел во овој момент да не го разочараат докрај и онака веќе разоараното и изманипулирано членство и истото да се искористи како адут во преговорите околу повлекувањето или поништувањето на аболицијата. Веќе одамна излитената закана ,,зад нас стои народот” или ,,народот ќе одлучи” нема да ги даде очекуваните резултати, бидејки народот одамна е поделен, понижен, осиромашен и навреден до коска, а на лажани приказни повеќе никој не им врува. Народот нема повеќе да биде свежо топовско месо за реализација и заштита на туѓи криминални интереси Но,  од друга страна промоторите на гебелсовата пропаганда мора да знаат дека тој народ е веќе наострен и спремен за расчистување на сметките, спремен за доаѓање на слободата,правдата, вистината и казната.

ФРОДЕМ потсетува дека во име на вистинскиот патриотизам и правдата, за којашто нашите претци ги давале без двоумење своите животи, членството на партијата има обврска да ги почитува највисоките стандарди на политичко дејствување и да не дозволи целата партија да се срами и да се поврзува со незаконските дејствија на раководство во заминување.

Во оваа прилика сакаме да им укажеме признание на сите чесни и доблесни членови на ВМРОДПМНЕ кои не потклекнаа под притисоците на натрапничкото раководство и размислуваат со своја глава.  Македонија се сака со срце и отворен ум, а не со сервилно и слепо почитување на наредбите на оние на кои местото  одамна им е резервирано во македонските зандани, онаму каде што со години лежат неправедно осудени политички неистомисленици во монтирани политички случаи“, соопштуваат од ФРОДЕМ, Фронт за демократска Македонија.

 

frodem

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска17/10/2020 - 16:0817/10/2020 - 21:27

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска23/07/2020 - 11:09

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска29/06/2020 - 12:3729/06/2020 - 12:37

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска22/01/2020 - 10:4022/01/2020 - 10:43

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ05/01/2020 - 10:2506/01/2020 - 08:21

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска26/12/2019 - 10:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен