Поради селективната примена на правдата, за ФРОДЕМ праводуството во Република Македонија е рак рана на држава. Токму поради примената на селективната правда судството и обвинителството се ставаат во улога на кочничари на борбата против системската корупција и разнебитување на симбиозата помеѓу државата и организираниот криминал. Одредени и во јавноста познати адвокатски друштва и канцеларии се третиот елемент кој го потпомагаат овој срамен начин на функционирање на македонското правосудство и истото го разоруваат до безличност. ФРОДЕМ е вчудоневиден од ,,успешноста” на овие преку ноќ познати адвокатски друштва и канцаларии кои имаат речиси стопостотна успешност на постапките кои ги водат пред надлежните граѓански, кривични и управни судови во сите инстанци.
Партиската врхушка сеуште го држи „под своја капа“ триаглолникот судии- адвокатски друштва-обвинители, па затоа и никој не треба да се чуди што бројот на жалбите до судот во Стразбур против пресудите на македонските судови прогресивно расте. ФРОДЕМ смета дека ефикасно и ажурно судство и елиминирање на коруптивната мрежа меѓу адвокатските друштва, судството и обвинителството може да се постигне само со донесување Закон со кој ќе се ограничи бројот на судските расправи, по кои мора да се донесе соодветна пресуда.
Со скорото заминување на оваа партиска и државна врхушка од власт, пред резиборот на судии и ибвинители ќе се спроведе генерална проверка на работата на судиите и обвинителите и истата ќе ги опфати и адвокатските друштва и канцеларии како би можеле граѓаните на државата да имаат јасна претстава со какви методи и средства и со каква леснотијата посочените ги добивале предметите и ги придобивале клиентите.
Lege artist – Според правилата на струката. Periculum in mora – Одолговлекувањето е погубно.