Ламборџини Хуракан е најбрзо такси во Велика Британија

Од:

Прекрасниот Ламборџиниа Хуракан Верде Мантис доби такси лиценца за работа во Волверхамптон во Велика Британија.

Такси возилата инаку се бавни во Волверхамптон, но тоа не е случај со Ламборџини, кое до сега се користело за свадби, матури и други специјални настани. Автомобилот со моќен V10 мотор сега доби дозвола за такси дејност и ќе се користи како приватно такси. Меѓутоа, користењето на супер автомобилот нема да биде евтино, бидејќи за 90 минути се плаќа 441 евро.

Ламборџини кој достигнува брзина од 325 километри на час, стана прв супер автомобил во Велика Британија, кој ќе биде регистриран како приватно такси. Со оглед на неговиот атрактивен изглед и звук, сите кои ќе ги користат неговите услуги ќе бидат лесно забележани.

Компанијата Special Wedding Cars која се занимава со изнајмување на автомобили, го поседува наведениот Huracan, но и неговиот претходник Aventadora, неколку Rolls-Roycе, Ferrari 488, Jaguar XJL, BMW i8 и Bentley Continental GT. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ