Најбрзата сериска „Алфа Ромео“ пристигнува на патиштата низ Европа

Од:

 Во пресрет на почетокот на продажбата во салоните низ Европа италијанската компанија „Алфа Ромео“ ги  објави новите фотографии на моделот „Џулиа Квадрифоџио“.

Неодамна имавме можност да видиме како изгледа полициската „Џулиа Квадрофоџио“,  а сега Ви ги нудиме фотографиите од „цивилната“ варијанта на новата најбрза „Алфа Ромео“.

Автомобилот што уште од светската премиера го споредуваат со „БМВ М3“, погон добива од 2.9 В6 твин-турбо бензинец развиен во „Ферари. Моторот испорачува 510 кс и 600 Нм, што е доволно возилото тешко 1,5 тон од 0 до 100 километри на час да стигнува за само 3,9 секунди.

Максималната брзина на моделот изнесува 305 километри на час.

„Алфа Ромео Џулиа Квадрифоџио“ наскоро пристигнува во продажните салони ширум Европа, а почетната цена на овој модел во Италија е 79.000 евра.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ