Србљак продолжува со победите во Добој

Од:

Македонскиот тенисер Горазд Србљак ја продолжи серијата победи на фјучрсот во Добој (награден фонд 10.000 долари). Тој откако успешно ги мина квалификациите (две победи) денеска во првото коло го совлада Тихомир Грозданов од Бугарија. Македонскиот тенисер двата сета ги доби со 6:3 и 6:0 во гемови.

Во првиот сет Србљак поведе со 2:0 во гемови, а потоа водеше и со 4:1, но Грозданов намали на 4:3. До крајот на сетот Србљак освои два гема, а со шестте во вториот сет направи серија од вкупно осум гема.

Во второто коло противник на Србљак ќе му биде Лука Илиќ (4.носител) од Србија.

На фјучрсот утре настап во првото коло ќе има и најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски, кој како седми носител ќе игра против Петар Цонкиќ од Србија.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ