Ракометарите на македонскиот шампион Вардар остварија нова победа во плеј офот откако попладнево на домашен терен го совладаа тимот на Охрид со 37:26. Најефикасни на натпреварот беа Хорхе Македа и Мијајло Марсениќ со по 8 голови. Ова беше првиот дуел од оваа рунда, а Вардар има максимални шест победи во плеј офот.
Во терминот од 18 часот во салата „Автокоманда“ се игра дуелот Металург – Прилеп. Третиот натпревар од 6.то коло се игра утре меѓу Работнички и Макс Струмица.
Табела: Вардар 18 бодови, Металург 12, Макс Струмица 9, Прилеп 6, Охрид 3, Работнички 0.