Две лица загинаа во силните торнада што вчера ги зафатија реоните од јужниот дел на американската сојузна држава Оклахома, пренесоа американските медиуми.
Шерифот на округот Џонсон, Стејси Пули изјави дека едно лице загинало во градот Конрвил, а во бурата што во текот на денот го зафатија градот Виниуд во својот дом загинало уште едно лице.
Атмосферските услови во текот на вчерашниот ден беа толку лоши што синоптичарите дадоа „предупредување за торнадо“ за градовите Роф и Хикари, што се најдоа на траекторијата на бурата.
Службата за управување со несреќи и хаварии на државата Оклахома информира дека бурите ја разурнале зградата на локалното радио во округот Коул, како и неутврден број куќи во окрузите Мари, Гарвин и Џонстон.
Торнада биле регистрирани и во државите Ајова и Небраска, но засега нема податоци за повредени лица или предизвикана значителна материјална штета.