Вистинско чудо е дека населението на канадскиот град Форт Макмари, опфатен од голем шумски пожар без ниту една жртва, изјави премиерката на провинцијата Алберта Рејчел Нотли.
Благодарение на брзите дејствија на противопожарните служби во градот со нафтена индустрија, веројатно 90 од него е спасено, додаде таа. Претстои, меѓутоа, многу работа за обнова на инфраструктурата – снабдување со вода, струја и гас, за да можат луѓето да почнат да се враќаат.
– По две седмици ќе стане појасно кога луѓето ќе можат да се враќаат во своите домови, рече шефот на противпожарната служба на Форт Макмари.
Катастрофалните пожари наложија да бидат евакуирани околу 100.000 лица од градот.