СДСМ: Груевски и неговите соработници ќе положат сметка за Диво Насеље

Од:

„Никола Груевски и неговата власт ќе им положат сметка на семејствата на загинатите полицајци, на луѓето чии домови се разрушени, на граѓаните на Куманово и на Р.Македонија – што се случи на 9 мај лани во Диво Насеље и зошто.

Чие дело е ужасниот инцидент во кумановско Диво Насеље?

Зошто Владата на Груевски не ја спречила терористичко – криминалната група, бидејки
јавноста слушна дека нејзини високи функционери имале и информации, а по се изгледа и контакти со неа?

Семејствата на 8-темина загинати припадници на безбедносните сили ја очекуваат суровата вистина.

Луѓето кои останаа без кров на главите ја очекуваат.

Граѓаните на Куманово и на Македонија ја очекуваат.

СДСМ ги споделува со граѓаните тагата, болката, револтот што ги оживува денешниот 9 мај и порачуваме дека јавноста ќе ја дознае вистината, а инволвираните и виновните ќе понесат одговорност.

Нема лага и нема оправдување со коишто куририте на Груевски и неговите соработниците можат да го спречат тоа“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ нема свои кандидати за градоначалници во општините Кичево и Струга

СДСМ: Владата на Мицкоски е најодговорна за еколошката катастрофа што се случува со пожарите

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?