Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Атина за да протестираат против планираните реформи на пензискиот и даночниот систем, за кои вечерва ќе се гласа во грчкиот парламент.
Според полициските проценки, 15.000 луѓе излегоа на маршот во Атина и Солун против мерките што ЕУ и ММФ бараат Грција да ги донесе, а пред утрешниот клучен состанок во Брисел на министрите за финансии од еврозоната.