(ВИДЕО) Инцидент на протестот: Кој ги снимаше тајно демонстрантите?

Од:

Инцидент се случи на денешниот протест пред МРТ, кога демонстрантите беа снимани од непознато лице. Тие го прашаа дали е новинар и зошто снима, а тој кратко одговори дека исто како новинарите и тој треба да заработи за леб.

Освен демонстрантите, човекот ги снимаше и новинарите и камерманите, по што тие веднаш му побараа новинарска легитимација.

Тој се правдаше дека иако не е професионален новинар, снима приватно, а потоа снимките ги нуди на познатите странски телевизии како Ал Џезеира Балканс, Си Ен Ен и Би Би Си, во услови кога сите тие имаат свои дописници и соработници со кои соработуваат во Скопје и кои новинарите ги познаваат. Ал Џезеира Балканс има свој центар во Скопје со професионални новинари, сниматели и опрема кои се единствено надлежни за Македонија.

Човекот кој снимаше користеше мала камера Sony, моделот кој во последно време е набавуван и купуван за потребите на МВР. Истите камери се користат при снимање на демонстрантите од зад прозорците на институциите, но последните денови не можеа да снимат успешно кој фрла боја поради разните начини на оневозможување од страна на граѓаните.

Тој подоцна се повлече зад полицијата, но не одговори на прашањето дали е пратен од дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Чавков, кој упати закана до демонстрантите дека ги снима.

 

Би можело да ве интересира

„Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“: Протест во Скопје против фемицидите, побарана одговорност за смртта на Билјана

Протест против фемицид и институционално насилство во Скопје – „Жените продолжуваат да бидат убивани“

А1он

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ