Екипата на Шутова со двојна круна, ја заокружуваат сезоната во домашната одбојка. Составот на Шутова е нов шампион на Македонија откако со 3-0 во победи во финалето беше подобра од екипата на Струмица.
Шутова попладнево ја победи Струмица со 3-0 во сетови со 25:22, 25:17 и 25:12, во третиот меч од финалето одигран попладнево во Кичево.
Ова е втора титула за кичевската екипа, која претходно го освои и Купот на македонија.
Титулата државен првак носи можност за Шутова за учество во квалификациите за Лигата на шампионите следната сезона.