21:10 Заврши протестот во Скопје
20:40: Обоено и МРТ
20:30: Инцидент се случи на денешниот протест пред МРТ, кога демонстрантите беа снимани од непознато лице
20:05: Една мисла имаме, како да покрадеме, ечи пред МРТ
20:02: Демонстрантите делат ружи на полицајците и со аплауз го честитаат Денот на полицијата
19:50: Демонстрантите се собираат пред зградата на МРТВ, каде се пуштаат дел од „бомбите“ посветени на медиумите во Македонија
19:28: Во боите на револуцијата обоен и мостот „Слобода“, кај Холидеј Ин
19:13: Демонстрантите се упатуваат кон МРТВ
19:00: Демонстрантите се упатија кон Собранието. Мал број полиција без барикади ги чува министерството за правда и канцеларијата на Иванов.
18:30: Започна протестот пред СЈО