Русија и Јапонија го потврдија ставот за неприфатливост на нуклеарните амбиции на Северна Кореја, изјави денеска министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, по средбата на рускиот претседател Владимир Путин со јапонскиот премиер Шинѕо Абе.
– Потврдена е позицијата на Русија и Јапонија во корист на сите постоечки договори за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров. Обете држави го потврдија неприфаќањето на настојувањето на Пјонгјанг да стекне нуклеарен статус, истакна Лавров на конференцијата за медиумите во Москва.