Во сообраќајка кај Струмица загина 5-годишно дете

Од:

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово во 10:30 часот на регионалниот пат Дабиле – Петралинци во која животот го загуби 5-годишно дете. Возачот, Д.В (1978), кој е татко на починатото дете, е повреден.

– Сообраќајна несреќа е пријавена во 10 часот и 30 минути. Во неа учествувало патничко моторно возило Опел Астра со струмички регистарски таблички кое излетало од коловозот. Во незгодата е починато лице родено 2011 година, а возилото го управувал неговиот татко, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На местото на несреќата веднаш пристигнала полициска екипа и јавен обвинител, а детето и таткото се префрлени во Општата болница Струмица, каде е констатирана смрт на детето, додека таткото поминал со телесни повреди.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип