Вардар со 32 разлика ја совлада Макс Струмица

Од:

Ракометарите на шампионот Вардар забележаа убедива победа изразена со дури 32 поени разлика во дуелот со актуелниот вицепрвак Макс Струмица.

На натпреварот одигран попладнево во Струмица, со кој беше комплетирано 3.коло од поејофот во ракометниот шампионат на Македонија, вардарци ја победија Макс Струмица со 51-19.

Црвено-црните победата ја најавија уште по првиот дел во кој на противникот му дозволија да постигне само 9 гола, наспроти 21 кои ги постигнаа избраниците на Раул Гонзалез.

Сега ракометарите на Вардар се единствениот тим кој има максимален број на бодови – 12 по четири одиграни средби, откако вчера тие го победија Металург, а денеска беа подобри и од струмичката екипа.

Веќе утре, Вардар ќе одигран нов меч и тоа во СЦ ,,Јане Сандански” против екипата на Прилеп.

Тоа ќе биде натпревар од 5.коло во кое преостанатите две средби, Охрид – Работнички и Металург – Макс Струмица ќе се играат викендов.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ