Откако вчера го одиграа мечот против Металург, кој го добија со 26:22, ракометарите на Вардар попладнево ќе играат нов натпревар. Овојпат црвено-црните во рамките на 4.коло од плејофот на домашното првенство гостуваат кај Макс Струмица.
По три одиграни натпревари, двете екипи имаат максимални девет бодови, колку што има и Металург, но тимот од автокоманда има и средба повеќе.
Вардарци покрај дуелот со Макс Струмица кој ќе се игра попладнево, утре ќе одиграат и средба во Прилеп против истоимената екипа.
Тоа ќе биде дуел од 5.коло во кое преостанатите две средби, Охрид 2013 – Работнички и Металург – Макс Струмица ќе се играат викендов.