ВИДЕО: Општина Центар продолжува со проектот „Цел Центар на точак“

Од:

Од денеска, општина Центар продолжува со реализацијата на проектот „ Цел Центар на точак“. Трета година по ред,  жителите на Центар можат да се пријават и за секој купен велосипед, почнувајќи од денес, да добијат субвенција.

Општина Центар за 2016 година издвои 2.800.000,00 денари и како и минатите години, ќе субвенционира 30% од вредноста на секој нов купен велосипед, но најмногу до 3.000 денари.

„Секој полнолетен жител на општина Центар, кој ќе купи велосипед, треба да достави копија од лична карта со која потврдува дека е жител на општината, фискална сметка со сметко-потврда или фактура за купен велосипед и копија од трансакциска сметка“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Досега преку истиот проект во 2014 и 2015 година се исплатени субвенции за купени нови 1.867 велосипеди. Дека интересот на граѓаните е голем, покажува и податокот дека денеска, на првиот ден на почеткот на проектот „Цел Центар на точак“ се поднесени 14 барања за субвеции на нов велосипед. Градоначалникот потсети дека важат барањата за велосипеди кои се купени од денешниот ден.

Жерновски на прес конференцијата најави уште еден проект кој се однесува подобрување на подобрување на велосипедската инфраструктура во општината.

„Свесни сме дека само финансиска поддршка за нови велосипеди не е доволна и дека инфраструктурата е голем проблем. По сугестии на граѓаните започнавме со реализација на темелна студија за лоцирање на проблемите во рутите и движењето на велосипедистите на територија на општината. Проектот го изработуваме во соработка со професори од Архитектонскиот факултет во кој преку следење на движењата на велосипедистите  преку мобилна апликација прецизно ќе се утврдат најзначајните рути и за нив ќе се изработи план за реконструкција на постоечката или поставувања на нова велосипедска инфраструктура. Веќе е спроведено онлајн истражување со 800 корисници на велосипеди кои со нас ги споделија нивните мислења и сугестии како и каде треба да се подобрат условите за движење“, рече Жерновски.

Центар ќе биде првата општина во Македонија која преку научна студија ќе ја дизајнира велосипедската инфраструктура на својата територија. Студијата покажа дека високи 96,7 % од корисниците на велосипеди минуваат низ општина Центар. Затоа Општина Центар ќе работи на создавање нова и подобрување на постојната инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории