СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Н.(16) од битолското село Могила за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
Кон крајот на месец септември, откако А.Г.(33) дошла во дворот од семејната куќа на пријавениот со цел да поразговара со неговите родители бидејќи пријавениот физички го нападнал нејзиниот малолетен син, истиот без повод и причина физички ја нападнал А.Г.
Тој ја удирал со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, при што и нанел фрактура на левата рака.