ТК „Teнис Парк – Скопје“ организатор на три фјучрси

Од:

По осум години во Македонија се враќа сјајот на врвниот тенис. ТК „Теннис Парк – Скопје“ во периодот од 20 jуни до 11 јули на своите терени при СЦ „Јане Сандански“ ќе организира три професионални “ITF Pro Curcuit – Futures” турнири за мажи на земјена подлога, а секој од нив ќе биде со награден фонд од 10 илјади долари.

Дел од организациониот тим се и македонскиот тенисер со најдобар АТП ранкинг во историјата на македонскиот тенис Предраг Русевски, поранешниот македонски Дејвис куп репрезентативец Димитар Лабудовиќ и младиот Симон Митев.

– Со овој настан се надеваме дека во Македонија ќе привлечеме голем број тенисери, кои играат сериозна улога во светот на тенисот, воедно и да им овозможи на многу македонски професионални играчи конечно на домашен терен да се претстават пред македонската публика и секако да се обидат да освојат нови АТП поени, соопштуваат од Тенис Парк.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ