Положено цвеќе пред ослободителите на Скопје

Од:

Делегација на Град Скопје денеска положи цвеќе пред споменикот на ослободителите на Скопје, на партизанските гробишта „Бутел“, пред споменикот на генерал Михајло Апостолски, пред споменикот на ослободителите и пред платото на Владата,

– На денешен ден се навршуваат 68 години од денот 13 ноември, кога во далечната 1944 година, жителите на Скопје ја дочекаа и ја славеа слободата. Од тој ден Скопје, пулсира како слободен град и се движи по патеката на својот постојан развој. Затоа и денес, гордо и со пиетет стоиме тука пред овој споменик во чест на ослободителите на нашиот главен град- истакна градоначалникот, Коце Трајановски.

Во рамките на централното одбележување на Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември, пред Споменикот на ослободителите венци и цвеќиња положија и делегацијата на Градскиот одбор на Сојузот на борците од народноослободителната антифашистичка војна-Скопје, делегација од Кабинетот на претседателот на земјава, делегација од Министерството за одбрана на РМ, делегација од 12-та Македонска народнослободителна ударна бригада, делегација на 3-та Македонска народнослободителна ударна бригада, делегација на 16-та Македонска народнослободителна ударна бригада, претставници на политичките партии од Република Македонија, претставници на Дипломатски КОР, делегација на Црвен крст на Град Скопје, како и делегација на ЗЕЛС и делегации на институции и други организации и граѓани.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух