Општина Центар ја реконструира улица „Загребска“

Од:

„Жителите на Мало Курило, делот на Водно, со години се жалеа на катастрофалната состојба на улица “Загребска“. Ударните дупки, кои беа опасност и за пешаците и за возилата, се создаваа од водата која се слеваше од Водно. На проблемите со пристапот се жалеа и од детската клиника за белодробни заболувања.

Ulica Zagrebska (1)

Општина Центар прво ги исчисти каналите за одводнување, кои се наоѓаат покрај самата улица и отстранети се 40 камиони смет. Надлежните го изгребаа стариот и оштетен асфалт и на негово место се става нов. Санацијата на улицата “Загребска“ е во должина од 350 метри, на потегот од црквата Св. Јован до влезот на Мало Курило.

Ulica Zagrebska (2)

Граѓаните од Мало Курило, но и скопјани кои минуваат по овој дел на Центар се задоволни дека конечно се решава овој огромен проблем.

Ulica Zagrebska (4)

Ова е втора од единаесетте улици кои ќе се реконструираат на Водно, а се дел од акцијата “Нова пролет, нова офанзива!“ на општина Центар.

Ulica Zagrebska (5)

Следни улици на овој дел од Центар,планирани за реконструкција, се “Христо Чернопеев“ и “Партениј Зографски“, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски