Вардар го пречекува Металург

Од:

По елиминацијата од Лигата на шампионите македонскиот првак Вардар го очекуваат натпреварите во домашното првенство, па вечерва во СЦ „Јане Сандански“ ќе го одигра одложениот дуел од 3. коло со тимот на Металург.

Двете екипи во досегашниот тек од плеј-офот од Супер лигата немаат пораз исто како и екипата на Макс Струмица.

„Вардарци“ секако дека сега имаат обврска да го потврдат квалитетот што го поседуваат и да ја одбранат шампионската титула, а според игрите и резултатите прикажани оваа сезона Металург е најблиску шампионот. За екипата на Лино Червар ова секако е добра можност да се проверат силите и да се пружи што е можно посилен отпор на фаворитот.

Почеток на натпреварот е во 19 часот, ќе го судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола.

Табела: Металург 9 бодови (3 натпревари), Макс Струмица 9(3), Вардар 6 (2), Прилеп 6 (4), Охрид 0 (4), Работнички 0 (4).

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ