Објавувањето на Панамските документи, со што истекоа информации дека панамската адвокатска фирма „Мосак Фонеска“ отворила офшор сметки за своите богати клиенти од целиот свет, сведочи за ранливоста на многу земји, изјави денеска претседателот на Панама, Хуан Карлос Варела.
Говорејќи во Стејт департментот тој наведе дека документите ги „откриваат светските проблеми на многу земји со нивните правни и финансиски институции ранливи на дејствување кое не е во јавен интерес“.
Поради тоа земјите мораат да ја подобрат својата транспарентност и размената на инфорации, додаде тој.
– Бараме од меѓународната заедница да го задржи респектибилниот дијалог меѓу дипломатските канали, рече Варела.
Панама и САД минатата недела потпишаа спогодба за размена на информации за банкарските сметки, со цел да се подобри соработката во борбата против затајување данок.