Инстаграм каков што до сега го познавате може да стане минато. Имено, некои корисници добија нов дизајн на оваа најпопуларна социјална мрежа за размена на фотографии.
Дизајнот е означен во црна и бела боја со икончиња кои се „порамни‟, потенки и без било какви додатоци на боја. Според претставник на Инстаграм, компанијата во сопственост на Фејсбук тестира разни опции на одреден број на корисници.
Ако не остане ова само тест и ако дизајнот се популаризира, корисниците ќе имаат промени во вид на промена на изгледот на иконите за камерата која во овој случај повеќе не е квадрат во круг.
Исто така иконата Activity станува самостојно срце, а иконата направена од фотографија на корисникот станува обична силуета.
Сепак, многу љубопитни и вљубеници на Инстаграм се надеваат дека нема да дојде до оваа промена и дека оваа социјална мрежа ќе остане со доминантата сино-бела боја.