Масовно се пензионираат вработените во грчкиот парламент.
Тие, за време на демонстрациите пред парламентот и дебатата за пакетот мерки за штедење, ја прекинаа работата, во знак на револт за најавите за скусени плати.
Министерот за финансии објави дека ќе им бидат намалени платите на ниво на државните службеници, објави Та неа.
Премиерот Андонис Самарас се закани дека Владата ќе стави крај на „скандалозните привилегии“ на вработените во парламентот и дека платите треба да им бидат намалени како дел од економските мерки за штедење.
До пред неколку години екстра-приходите им биле 300 илјади евра, а од пред една година се намалени до 120 илјади. Тоа значи дека тие имале 3-4 пати повисоки екстра приходи од државните службеници.
Досега молби за напуштање поднеле 60 вработени меѓу кои има и стенографи. Тие брзаат да се пензионираат бидејќи стравуваат дека ќе загубат 60 отсто од екстра-приходите.