Македонскиот тенисер Бојан Јанкуловски успеа да се пласира во второто коло на фјучрсот во Италија. Тој денеска во првото коло го победи Италијанецот Николо Трукети со 2:0 во сетови.
Во следното коло тој ќе игра против победникот од мечот Марио Никозија и Ерик Крепалди (втор носител).
Јанкуловски двата сета ги доби со 6:3 и 6:4 во гемови за 88 минути. Нашиот тенисер на турнирот стигна откако успешно ги мина и квалификациите каде во решавачкиот меч го победи Давиде Чинти од Италија.
Јанкуловски ќе настапи и во игра на двојки заедно со Британецот Куртис Кларк.